Таварес потврди, нема крај за Lancia

ОБЈАВЕНО НА:

Во изјава за медиумите, првиот човек на PSA Групацијата, Карлос Таверес кој воедно ќе биде и прв човек на PSA-FCA, изјави дека нема да го укине брендот Lancia.

“Не гледам потреба во тоа да укинувам брендови, сите тие имаат своја историја и предности” изјави Таварес кој додаде и дека предизвик ќе биде да се управува адекватно со сите брендови во портфолиото на новата групација.

Со спојувањето на Fiat со Chrysler, Lancia беше маргинизран бренд, а Маркијоне потоа донесе одлука да овој бренд се продава само во Италија. Во моментов во понудата на Lancia се наоѓа само моделот Ypsilon, но и покрај тоа овој бренд има далеку поголема продажба отколку Alfa Romeo на глобалниот пазар.

Сега брендот Lancia би можел да се позиционира на исто ниво како и DS, а во фокусот би биле автомобили од B и C сегментот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK