Новиот мал електричен концепт на VW премиерно во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година беше јасна заложбата на Volkswagen Групацијата за заземање на лидерската позиција во поглед на електричнтие автомобили. Реализацијата на овие заложби се повеќе од сигурни особено ако се земе во предвид дека за само 24 часа откако започан да прима нарачки за моделот ID 3, на адреса на германскиот производител пристигнаа нешто над 10.000 нарачки.

Сега, повеќето германски и британски медиуми пренесоа дека на саемот во Франкфурт во септември годинава, производителот ќе го претстави својот најмал електричен модел кој најверојатно ќе го носи називот ID 1.

Со овој модел VW очекува да направи брза пенетрација на продажбата поради што се очекува да биде далеку поевтин од ID 3, но и останатите електрични автомобили на пазарот.

Засега не се откриваат ниту детали за овој автомобил, а истите се очекува да бидат соопштени во наредниот период.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK