Давид Малинковски го доби електричниот Renault Twizzy за титулата во Twingo Cup (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Давид Малинковски како севкупен победник од трите сезони на Twingo Cup ја доби и ветената награда – електричниот Renault Twizzy што е премијата од Automotive Group, импортерот за Renault, Nissan и Dacia а беше еден од коорганизаторите на натпреварувањето заедно со АКК Renault Sport. На свеченост во Скопје, своите парични награди ги добија и тројцата најдобри за сезонава.

Марко Блажевски доби парична награда од 1.500 евра, Давид Малинковски – 800 евра, а Зоран Мираковски – 400 евра. Според пропозициите најдобрите тројца од секоја сезона добиваат парични награди, а севкупниот победник – електрично возило.
Сезонава во генерален пласман Блажевски освои 135 бода, пред Малинковски кој собра 130. Зоран Мираковски кој на седум од деветте трки беше на подиум освои 100 бодови.

Малинковски во трите сезони, двапати ја освојуваше вицешампионската титула и лани беше најдобар со победничкиот пехaр. Давид е еден од неколкутемина возачи што настапи на сите 24 трки што се организираа во Македонија, но и на познати патеки низ Европа. Тој освои вкупно 351 бод и убедливо беше најуспешен возач. По сезони Малинковски освои 99 бода во 2019 (виешампионска титула), 122 бода во 2021 (шампион) и 130 во 2022 (вицешампионсака титула).

Фото: Слободан Ѓуриќ

Twingo Cup e тркачка серија во која возачите се натпреваруваат во идентично подготвени возила за чија исправност се грижи организаторот. Возачите едноставно само доаѓаат и седнуваат да возат. Нема дополнителни подобрувања на перформансите, се е до возењето. Колку што е тоа возење и тркање, толку е и дружење, забава и создавање нови пријателства.

Последните две сезони трките се возат на познати патеки во Европа, како Хунгароринг, Ред Бул Ринг (Австрија), Монца, Гробник (Хрватска), Брно (Словачка), Серес (Грција).

Зад себе Малинковски во Twingo Cup има вкупно 9 победи на 24 трки и уште деветпати се искачи на пиедесталот. Сезонава беше најбрз на трките во Унгарија и двапати во Италија. Лани победи на четири трки (Унгарија, Словачка и двапати во Хрватска). Во првата сезона во 2019 година Малинковски беше најдобар во Србија и во Грција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK