(ВИДЕО) Сите модели Porsche 911 Turbo на едно место: Кое е најбрзо?

Уште од 1975 година откако Porsche го претстави овој модел, тој спаѓа меѓу најомилените во светот. Во видеото подолу можете да го видите и натпреварот поточно трката на забрзување во која се натпеваруваат разни модели на Porsche 911 Turbo.

Оригиналниот 911 Turbo е всушност 930, a него во оваа трка го вози поранешниот возач на Ред Бул во Формула 1, Марк Вебер. Него го придвижува 3.0-литарски „flat six“ мотор кој испорачува 256 коњски сили и 329 Nm максимален вртежен момент.

Следниот е 964 Turbo, а него го вози Дирк Винер, кој се натпреварува во фабричкото натпреварување на Porsche. Тој има 3.3-литрски мотор кој може да даде 316 коњски сили и 450 Nm најголем вртежен момент.

Porsche 993 Turbo беше во рацете на Нил Јани, поранешен Формула Е возач, а неговиот 3.6-литарски мотор произведува 402 коњски сили и 540 Nm најголем вртежен момент. Porsche 996 Turbo е возен од страна на Ерл Бамбер, а неговиот мотор испорачува 414 коњски сили 563 Nm најголем вртежен момент.

Моделот 991 Turbo е автомобил од 6. генерација на овој модел, а го возеше Мет Кембел. Го придвижува 3.8-литарскиот мотор кој може да испорача 532 коњски сили и 660 Nm најголем вртежен момент.

За крај, Porsche 992 Turbo, кој го возеше Олаф Менти, шампионот во Порше купот, а неговиот мотор испорачува 572 коњски сили и најголем вртежен момент од 750 Nm.