Нови фотографии од новиот Juke

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата која е закажана за 3 септември, на интернет се појавија нови фотографии од маскираниот Juke. За разлика од претходните шпиунски фотографии и тизери, на последните може да се видат и првите новитети во поглед на екстериерот.

Така втората генерација на најпродаваниот модел на Nissan доаѓа со целосно нов екстериер. На предниот дел видлива е новата маска која е слична како кај Qashqai. За разлика од актуеланта генерација, тука се и новите предни линиски светла проследени со препознатливите кругови на долниот дел.

Понудата на мотори е сеуште непотврдена, но тука се очекува да бидат стандардните 1.3 литарски бензински мотор со 138 КС и 158 КС, како и 1.5 литарскиот дизелски мотор. Се зборува и дека ќе биде понудена и plug-in хибридна варијанта со 1.6 литарски бензински мотор и електричен мотор со 9.8 kWh батерија.

За потсетување, овој модел за прв пат започна да се произведува во 2010 година во фабриката во Канагава (Јапонија). Сепак благодарение на одличната продажба и зголемената побарувачка, набрзо овој модел започна да се произведува во Сандерленд (Велика Британија) и Пурвакарта (Индонезија).

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK