Новата Skoda Fabia следната година – ова е можниот изглед (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уште претходно чешкиот производител потврди дека новата, четврта генерација на моделот Fabia пристигнува следната година. При тоа, на интернет се појави нов рендер кој го прикажува можниот изглед на овој модел.

Истиот е многу сличен од претходните и ја следи актуелната дизајнерска филозофија која Skoda ја примени кај моделите Scala и Octavia.

Како конкурент на Renault Clio, Peugeot 208, Opel Corsa и Toyota Yaris, новата генерација ќе биде претставена кон крајот на годинава додека производството стартува следната. Засега не се знаат многу информации па токму во наредниот период се очекува Skoda да ги разреши сите енигми околу новата генерација.

Првата генерација на Fabia е претставена во далечната 1999 година. Осум години подоцна доаѓа и втората додека пак актуелната, трета генерација датира од 2015 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK