Кои сопствениците на автомобили трошат по 8.000 евра на дополнителна опрема

ОБЈАВЕНО НА:

Комерцијалната политика на многу производители на автомобили е таква да нудат автомобили со ниско ниво на опременост, а вистинскиот ќар за нив доаѓа од додатна опрема.

Но дали знаете сопствениците на кои автомобили трошат најмногу на додатна опрема?

Според едно истражување спроведено во Велика Британија, сопствениците на Porsche автомобилите трошат најмногу на додатна опрема и тоа 8.245 евра во просек. Само за споредба, тоа е износ со кој може да купите нов Dacia Sandero.

На втората позиција се наоѓаат сопствениците на BMW кои трошат по 4.150 евра додека на третата се оние на Mini со 3.685 евра во просек.

На листата се наоѓаат и сопствениците на Audi кои трошат 3.600 евра на додатна опрема, само 70 евра повеќе од оние на Mercedes. Сопствениците на Volkswagen трошат 1.150 евра додека оние на Fiat само 435 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK