(Видео) Братската војна – Corvette ZR1 против Camaro ZL1 LE

На интернет се појави адреналинско видео во кое главни улоги имаат супер моќните модели на Chevrolet, Corvette ZR1 и Camaro ZL1 LE.

На видеото, овие два братски модели ги одмеруваат силите на патеката во Хокенхајм. Иако вториот модел има 650 КС односно за 105 КС помалку во однос на Corvette, сепак во целост на патеката одговори на предизвикот и рамо до рамо до последната линија се бореше против времето на Corvette ZR1.

На крајот, како победник во оваа братска војна излезе Chevrolet Corvette ZR1 кој беше за три секунди побрз во однос на својот “помал” брат. Како сето тоа изгледаше можете да погледнете на видеото погоре.