Пет начини за ефикасно користење на климата во автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Летните горештини донесуваат и некои проблеми, а еден од нив е загревањето на внатрешноста во автомобилот поради високите температури. Како правилно се користи клима уредот во вашиот автомобил е прашање кое ретко се поставува, но ефикасно користење на клима уредот на големо придонесува во штедењето на гориво, но и за удобно возење за сите патници во автомобилот.

Ладењето на возилото откако стоело на сонце и не е некој проблем. Два потега и веќе се чувствува ураган на студен воздух кој создава микро-поларна клима. Така оладениот воздух никако не е здрав бидејќи разликата во температурата меѓу надворешниот и внатрешниот воздух ќе биде преголема во прекратка временска разлика. Затоа постојат неколку начини кои ќе ги ублажи овој температурен шок, а со комбинација на наведени методи, возењето и престојот во автомобилот ќе биде многу поудобен.

При пониски брзини, во градско возење, поекономично е да се вози со отворен прозор. Сепак, доколку се тргне по брз пат, поекономично е да се вози со вклучена клуба бидејќи отворениот прозор го зголемува отпорот при движење, а со тоа и потрошувачката на гориво. Затоа е добро да се знаат некои совети:

1.Заштитете го автомобилот од сонце

Обидете се да пронајдете место во сенка при паркирање на вашето возило. Многу поудобна температура ќе ве дочека во автомобилот, што дефинитивно е императив така што температурната разлика не била преголема. Исто така користење заштита од Сонце на пример алуминиумска или слична фолија со светли бои на внатрешниот дел од шофершајбната. На тој начин автомобилот нема прекумерно да се загрева, а климата секако ќе ја олади внатрешноста од вашиот автомобил.

2.Редовно одржувајте ја климата

За да може климата во автомобилот да биде исправна прво мора редовно да се одржува. Ова подразбира редовна контрола и чистење на системот, замена на филтрите и проверка на количината на гас. Исправна клима е предуслов за ефикасна употреба.

3.Вклучете ја климата

–Откако ќе го стартувате моторот, вклучете ја климата.

–Отворете прозорци.

–Оставете влез за надворешниот воздух.

–Температурата подесете ја на минимум.

–Поставете го вентилаторот на најголема брзина.

На тој начин ќе го издува топлиот воздух, кој се собрал во внатрешноста од автомобилот за време на стоењето, а воедно е и најефикасниот начин за брзо ладење на кабината на автомобилот.

4.Додека возите

–Затворете ги прозорците.

–Смалете ја брзината на вентилаторот.

–Поставете кружење на воздухот, климата подобро лади делумно разладен воздух отколку оној топол, надвореше. Сепак, бидете внимателни бидејќи воздухот кој влегува однадвор внесува кислорот во кабината и ја регулира влажноста на воздухот, затоа кружењето не е потребно подолго од десетина минути во континуитет.

–Поставете одговарачка температура, температура во автомобилот не би требала да биде многу пониска од надворешната.

–Насочете го воздухот така што ќе ви биде згодно, можеби е најдобро да наместите ладен воздух во шофершајбната и нозете, а со тоа ќе се избегне директен судир на студениот воздух в лице, што никако не е добро.

5.Крај на возењето

Неколку минуи пред крајот на возењето вклучете клима уред, но оставете ја вентилацијата.

Зошто?

Климата произведува многу влага и исклучително е погодно место за создавање на бактерии, а тие можат да предизвикаат незгодни мириси и непотребно да го нарушат вашето здравје. Доколку ја исклучите климата, оставете ја вклучена вентилацијата, влажните места климата ќе ги исуши и на тој начин ќе ја намали можноста за создавање на бактерии.

Ќе ја зголемите температурата во автомобилот, па ќе се подготвите за температураната разлика при излегувањето од кабината. Температурниот шок секако треба да се избегне, за да не го ризикувате сопственото и здравјето на другите патници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK