Новата Panda и 500XL како замена за 500L и 500X

ОБЈАВЕНО НА:

Не е никаква тајна дека Fiat наскоро ќе го пензионира моделот 500L. Причината за тоа е генерално, големата незаинтересираност за возила од тој сегмент. Дополнително, последните шпекулации кои се појавија во Италија за пензионирањето на 500X ги изненади сите.

Но, британските медиуми сега објавија ексклузивна вест околку иднината на овие два модели. Така на нивното место во понудата на Fiat ќе се најдат моделите 500L и 500X.

Така на местото на моделот Panda кој во понудата на италијанскиот производител е уште од 1980 година, а при тоа актуелната трета генерација датира од 2011 година, ќе се појави новата генерација која според димензиите ќе го замени моделот 500L.

Fiat Panda

Истата ќе биде инспирирана од концептот Cenoventi кој беше прикажан минатата година, а во производство ќе се најде во 2022 година. Покрај традиционалните бензински мотори, ќе дојде и со хибриден и електричен погон.

Fiat 500XL

На местото на 500X ќе биде воведен моделот 500XL кој ќе биде за малку поголем односно ќе има поголема должина и меѓуоскино растојание односно со големина идентична на Nissan Qashqai.

И овој модел би требало да се појави во текот на 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK