Само на Емирати: Шеик паркираше Mercedes, целиот со бело злато

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото Mercedes SLS AMG видено пред еден хотел во Дубаи покажа невиден стандард за кој се вели дека е претеран дури и за оние со најистенчен вкус.

Овој Mercedes е во сопственост на шеик, за кој се смета дека е вмешан во работа со нафта. Името на сопственикот не с открива, но другите карактеристики се повеќе од познати. И додека под хаубата е вистински ѕвер, изгледот е она по коешто фотографијата се прошири низ светот.

Стручњаците тврдат дека не е можно возилото да е целото во бело злато со оглед на тоа што сметаат дека тоа ќе се стопи на тропските температури, но со оглед на тоа што некој има пари за трошење сигурно и овој проблем бил решен.

Инаку, ова возило има V10 квад-турбо мотор со 1600 коњски сили што овозможува да мине околу 400 метри за помалку од седум секунди, додека за 3 секунди може да достигне 100 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK