FCA и PSA размислуваат за партнерство

ОБЈАВЕНО НА:

Во последниот период, медиумите, особено оние во Италија на големо зборуваат за можното спојување на автомобилските гиганти FCA и PSA.

Првиот чекор за воспоставувањето на партнерството го направил извршниот директор на PSA, Карлос Таварез кој барајќи партнерство за поефикасен настап на американскиот пазар се обратил до раководството на FCA.

Од FCA засега немаат став околу оваа понуда, а иако во јавноста не се излезени детали околу можниот договор т.е. партнерство, истото би било на исти принцип како и француско-јапонската алијанса на Renault-Nissan-Mitsubishi.

Доколку не се успее во воспоставувањето на ова партнерство, PSA своите сили ќе ги насочи кон договараање со General Motors, компанија која има доста развиена дилерска и административна инфраструктура во Америка, а како помалку веројатно е и партнерството со Jaguar Land Rover.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK