Новата генерација на Renault Kadjar ќе го смени името

ОБЈАВЕНО НА:

По лансирањето на Renault Mégane E-Tech, претставувањето на концептот Renault 5 Electric и репозиционирањето на Alpine, францускиот производите ја продолжува својата Renaulution.

Според колеги од L’argus, втората генерација на Renault Kadjar ќе го смени името. Францускиот производител сè уште не нашол ново име за него, но одлучи да не го нарекува Kadjar за да го репозиционира, и тргнува да го освои сегментот во кој сега доминира Peugeot 3008. Во 2020 година, Renault продаде само 19.679 единици од својот Kadjar, додека Peugeot продаде 45.164 единици од својот 3008 (26.577 единици за Citroën C5 Aircross).

Оваа втора генерација на „Kadjar” е во развој, и благодарение на шпионските фотографи, веќе има увид како би можело да изгледа. Неговиот дизајн нема никаква врска со првата генерација, и искрено е инспириран од Renault Mégane E-Tech со својата хауба и тенки предни светла. Сличностите продолжуваат внатре; овој ентериер треба да го користат сите идни модели на Renault.

Ќе биде лансиран на пазарот во летото 2022 година за прв пат ќе се нуди и во 100% електрична верзија. Ова горе-долу го потврди и Renault, кој проценува дека неговата автономија ќе може да достигне 500 km според циклусот WLTP. Можна е и верзија со ознака Alpine, која би развивала околу 280 КС и би имала погон на четири тркала. Треба да се земат предвид и хибридните и plug-in хибридните мотори.

За потсетување, теренецот на Renault ќе се базира на истата архитектура како и Nissan Qashqai. Новата генерација на јапонскиот модел веќе е на пазарот. „Ултимативниот кросовер“ ќе биде достапен од следната година со моторот e-Power кој комбинира термички и електрични мотори.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK