Ова се најдобрите мотори за 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

International Engine of the Year Awards и оваа година ги одбра најдобрите мотори во повеќе категории. 68 автомобилски новинари и други стручни лица врз основа на гласање ги одбраа најдобрите мотори.

На листата доминира Ferrari чиј мотори беа најдобри во дури четири категории, а генерално, за најдобар мотор на годината е одбран Ferrari 3.9 biturbo V8 кој е составен дел ов повеќе модели на италијанскиот спортски производител, вклучувајќи го и моделот 488 Pista.

Во продолжение се прикажани најдобрите мотори по категории:

1.0 до 1.4 – 1.2 литарски 3 цилиндрен мотор на PSA Групацијата

1.4 дo 1.8 – BMW 1.5 литарски 3-цилиндрен мотор

1.8 дo 2.0 – 2.0 литарски мотор на Porsche

2.0 дo 2.5 – 2.5 литарски 5 цилиндрен мотор на Audi

2.5 дo 3.0 – 3.0 литарски 6 цилиндрен мотор на Porsche

3.0 дo 4.0 – 3.9 biturbo V8 мотор на Ferrari

4.0 > – 6.5 литарски V12 мотор на Ferrari

Најдобар електричен мотор – Tesla

Најдобар “зелен” мотор – Tesla

Најдобар нов мотор – 6.5 литарски V12 мотор на Ferrari

Најдобар спортски мотор – 3.9 biturbo V8 мотор на Ferrari

Следете не и на:

24AUTO NETWORK