Неверојатна збирка – Fiat отвори нов музеј во Торино (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) отвори нов музеј именуван како FCA Heritage во Торино, родниот град на италијанската авто индустрија. Лоциран во работилница 81 во комплексот Мирафјори во Торино, на 15 илјади метри квадратни се прикажани повеќе од 250 автомобили од брендовите на Fiat, Lancia и Alfa Romeo.

Меѓу бројните автомобили тука се прикажани првите модели на Fiat од почетокот на минатиот век. Тука се и Lancia Aurelia B20, Lancia Stratos, Alfa Romeo 8C како и многу автомобили кои биле сопственост на членови на Ањели фамилијата.

Целата збирка од 250 автомобили е групирана во осум тематски поставки и тоа: мали и безбедни, стилски, епски, рели ера, еко, архистарс, концепти и фуорисерие и рекорди и трки.

Покрај овој музеј, FCA располага и со музејот именуван Officine Classiche, а посветен на Abarth автомобилите кој исто така се наоѓа во Торино, музејот на Alfa Romeo во Арезе, во близина на Милано како и Centro Storico посветен на Fiat, а кој е лоциран во центарот на Торино.

Ако имате можност треба да ја посетите, во спротивно погледнете го видеото..