Пет модели на Toyota за кои не знаете дека постојат

ОБЈАВЕНО НА:

Влијанието на економските, социолошките и културните фактори врз креирањето на автомобили е и тоа како истакнато. Така под влијание на овие фактори автопроизводителите на одредени географски региони нудат различни понуди.

Тука пред не се мисли само на нивото на опременост туку и на различните називи на автомобилите, драстично различните дизајни, но некои производители нудат и целосно различни модели.

Во продолжение ќе ви прикажеме пет модели на Toyota за кои не сте знаеле дека воопшто и постојат.

TOYOTA RUSH

Овој модел јапонскиот производител го продава во Индонезија и неколкутте околни земји. Во целост се темели на Daihatsu Terios, бренд кој е дел од Toyota Motors.

Related image

TOYOTA ROOMY

Станува збор за уште еден модел на Toyota кој во целост се темели на моделот Thor на јапонскиот производител Daihatsu. По ова име овој модел Toyota го продава во неколку земји од југоисточна Азија.

Image result for TOYOTA ROOMY

TOYOTA CROWN

Ова е еден од најстарите модели во понудата на јапонскиот производител. Се произведува во континуитет од 1955 година, а производството е актуелно и денеска. Се продава исклучиво во Јапонија, а должината на оваа лимузина изнесува 4.910 мм.

Image result for TOYOTA CROWN

TOYOTA VIOS

Овој нискобуџетен автомобил е создаден исклучиво за пазарите во Јужна и Централна Америка, Блискиот Исток, Африка и Кина. Во овие земји познат е и под името Yaris.

Image result for TOYOTA VIOS

TOYOTA COASTER

Минибус? Да, Toyota меѓудругото произведува и минибуси, а овој е воведен уште во 1972 година. Последната изведба која се појави минатата година во понуда доаѓа со 16 различни мотори.

Image result for TOYOTA COASTER

Следете не и на:

24AUTO NETWORK