Најпродаваните електрични возила за 2020 година – Tesla се уште неприкосновена

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla има 16 отстод целокупната светска продажба на електрични возила, а само Model 3 има 12 отсто од продажбата.

Податоците од порталот ev-sales за 2020 година покажуваат дека пазарот на електрифицирани (100% електричесни модели и хибриди на полнење) достигнал рекордно ниво од 3.124.793 единици, а само во декември реализацијата била 571.475 автомобили.

Од моделите во Топ-3, само Tesla си го задржали дерското местои остана на врвот со вкупно 499.535 возила. Volkswagen од ланското 6 место сега е на второто со вкупно 220.220 возила.
Голем скок направи Mercedes кој лани беше на 25. место псоред продажбата а сега е на 6. место со реализирани 32.248 возила.

Топ 5 на најпродаваните електрифицирани автомобили во декември во 2020 година е составен од 100% батериски модели, а во тој дел се вклучени и Tesla Model 3 (65.109 единици), Wuling Mini EV (33.489), Volkswagen ID.3 (28.108), Renault ZOE (16.372) и Tesla Model Y (16.055).

На годишното рангиање, единствен лидер со 365.240 продажби во 2020 година е Tesla Model 3, на второто место е Wuling Mini EV со 119.255, додека на 3. место е Renault ZOE со 100.431 реализирани претставници.

Другите пет електрифицирани автомобили во Топ 10 се целосно електричните: Tesla Model Y (79.734), Hyundai KONA EV (65.075), Volkswagen ID.3 (56.937), Nissan LEAF (55.724), Audi e-Tron (47.928), Baojun E-Series (47.704) и GW Ora R1 (46.796).

Кај брендовите со најмногу продажби на глобално ниво во 2020 година може да се пофалат Tesla (499.535), а во Топ 3 се Volkswagen (220.220) и BYD (179.211).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK