Руска офанзива во најава: Lada ќе лансира осум нови модели!

ОБЈАВЕНО НА:

Renault Group по успешната приказна со Dacia се обидува истата да ја преслика на руско тло, истото да го направи со Lada. Инвестициониот план од неколку милијарди евра вклучува целосна промена на платформите на постоечките модели како и нови осум модели кои ќе бидат лансирани до 2026 година.

Како што пренесуваат руските медиуми покрај премиерата на новите осум модели предвидено и редизајн на сите постоечки модели на Lada. За таа цел производителот од Тољати вработи 400 нови инжинери како и други вработени кои ќе треба да допринесат за реализација на планот.

Засега нема многу информации, но според очекувањата Lada ќе треба да ја збогати понудата на SUV возила, градски автомобили и неколку седан модели.

Lada 4x4 Vision

Сите нови модели до 2026 година како и постоечките, покрај пазарите од поранешниот Советски Сојуз ќе бидат достапни и во земјите од Балканот, Унгарија, Германија, Чиле, Перу, Боливија, Словачка, Сирија, Турција, Тунис и други околни земји.

Lada Vesta Cross

Инаку по аквизацијата од страна на Renault Group, Lada по неколку години конечно успеа да ја заврши годината со профит, а изминатата година беа лансирани неколку нови модели меѓу кои и X-Ray додека вкупната продажба скокна за повеќе од 20%.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK