Над 3.000 нови BMW стојат на плац цели шест години (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На плац во Канада во близина на Ванкувер во последните шест години се наоѓаат дури 3.000 автомибили од брендовите BMW и Mini, кои се оставени на удар на времето и се надвор од функција. Нема надеж дека можат да се вратат во живот бидејќи не може да се рестартираа.

Ова е од едноставна причина што возилата се оставени предолго време на сол и влага уште во февруари во 2015 година кога пристигнале во пристаништето на Халифакс. Таму поминале доста долго време, но потоа автомобилите се нашле на нов удар.

Во тој период Канада е зафатена од страшно снежно невреме и истото нанело големи штети на возилата. Оттаму имало големи проблеми со оштетување на електричните делови, стартерите и држачите за управување.

Овие автомобили можеле да бидат спасени доколку властите наределе навреме да бидат преместени. Сепак, BMW не сметало дека е економски исплатливо да направи поправки, па компанијата од Баварија одлучила да ги остави на милост и немилост на времето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Supercar Fails (@supercar.fails)

Меѓу многубројните возила BMW има неколку примероци од моделите М4, M6, i8 и ретката Аlpinа B6.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK