Audi E-Tron со цена пониска од Tesla Model X за 20.000 фунти

ОБЈАВЕНО НА:

Објавена е цената на Audi E-Tron. Првиот електричен SUV на германскиот производител во Велика Британија ќе се продава по цена од 71,490 фунти што е за речиси 20 илјади помалку од моделот X на Tesla.

Германските медиуми пишуваат дека токму поради дрстичната разлика на цената битката на моделот X иако не започната во Европа е загубена.

Што се однесува до самиот модел, E-Tron доаѓа со бројни технолошки иновации. Најпрво, наместо ретровизори ќе има странични камери кои ќе продуцираат слика на OLED екраните поставени на внатрешната страна од предните врати. Со вградената батерија овој автомобил ќе може да помине до 400 километри, а двата мотори продуцираат над 400 КС што го прави доста моќен автомобил.

Покрај моделот X на Tesla, главни конкуренти на овој аудиев модел се и Jaguar I-Pace чија цена започнува од 58 илјади фуни и Mercedes EQC.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK