Mercedes во САД ќе увезува автомобили произведени во Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога САД и Кина водат голема трговска војна, авто производителите се присилени да бараат алтернативни патишта на увоз и извоз на автомобили. Дел од нив, се решија да отворат нови фабрики во САД со цел да го олеснат функционирањето на овој растечки пазар, а дел од нив започнаа со отворање на фабрики во трети земји, непогодени со санкциите на САД односно Кина.

Еден од најголемите германски производители на автомобили, Mercedes се одлучи да ги засили операциите во Индија со цел со овдешното производство да се одговори на побарувачката во САД и Кина.

Ова значи дека луксузниот производител на автомобили во САД ќе увезува автомобили произведени во своите фрабрики во Индија. Тука пред се се мисли на моделот GLC кој се произведува во фабриката во индијскиот град Пуне. Оваа вест ја потврди и портпаролот на Mercedes-Benz USA, Роб Моран.

“Mercedes-Benz ќе ја искористи својата мрежа на глобално производство во четири континенти. Ова ја вклучува и фабриката на Mercedes-Benz во Пуне” изјави Моран.

Во моментов GLC моделите кои се продаваат во САД се произведуваат во германската фабрика во Бремен, а од следниот месец ќе започне со увоз и од фабриката во Индија. Засега нема планови за производство на овој модел во мерцедесовата фабрика во Алабама.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK