Kонцепти што требаше да се појават на саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупно 18 концепти беа најавени за саемот во Женева што денеска е откажан со длука на Федералниот совет на Швајцарија.

Apex е единствениот производител кој требаше да претстави повеќе од еден концепт. Станува збор за електричните автомобили AP-0 и EV Sports Concept. Со свој концепт присутен требаше да  биде и кинескиот Aiways кој за прв пат на европско тло ќе го претставеше U6ion.

BMW официјално потврди дека на овој саем беше најавен електричниот i4 додека своја премиера требаше да има и нискобуџетниот, прв електричен автомобил на Dacia.

Mercedes ќе најави Vision AVTR, Volkswagen требаше да се појави со ID.4 додека Skoda требаше да го претстави првиот свој електричен SUV под моделското име Enyaq.

Свој концепти најавија и Renault кој доаѓа со моделот Morphoz, Lexus со LF-30, Hyundai ќе го претстави Prophecy додека францускиот премиум бренд DS ќе го претстави Aero Sport Lounge.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK