Вака би можело да изгледа Ford Puma ST

ОБЈАВЕНО НА:

По само неколку денови по премиерата на новиот мал кросовер на Ford, на интернет се појави и можниот изглед на ST изведбата на Puma. За тоа најзаслужен е X-Tomi Design кој го објави можниот изглед.

Според рендерот, Puma ST би имал aero body kit кој вклучува изменети предни и задни браници, прагови, заден дифузор, заден кровен спојлер, изменета предна маска, ST ознаки, нови бандажи, додека во внатрешноста доаѓа со неколку спортски елементи.

Под хаубата би можело да се најде 1.5 литарски трицилиндричен EcoBoost турбо бензински мотор, истиот оној кој се наоѓа кај Fiesta ST, а кој располага со 200 КС и 290 Nm вртежен момент.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK