Маркијоне постхумно прогласен за личност на годината во автоиндустријата

ОБЈАВЕНО НА:

Жирито составено од повеќе од 80 лица од 24 земји донесоа одлука за личност на годината во автомобилската индустрија постхумно да го прогласат Серџо Маркијоне.

“Тој беше човек од раскош, посветено работеше на компанијата која ја водеше 14 години” изјави меѓу другото Мајк Менли, првиот човек на FCA кој ја прими оваа награда.

Маркијоне кој беше роден во 1952 година, завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Торонто, а подоцна докторираше и Бизнис администрација. Кариерата во италијанскиот производител ја започнал во 2003 година, а година подоцна е поставен за прв човек на компанијата.

Запаметен останува по тоа што благодарение на него успеа да го спаси Fiat од финансиските проблеми, а беше и меѓу клучните лица кои го реализираа спојувањето на Fiat со Chrysler.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK