Како изгледа новиот Santa Fe на Hyundai (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Одделот на Hyundai во Северна Америка ги објави првите фотографии од новата верзија на хитот на брендот, СУВ моделот Santa Fe, кој е дефиниран како ултимативен автомобил за семејна авантура.

Од Hyundai велат дека сериозно обновената верзија на четвртата генерација на Santa Fe е равиена со идејата да понуди лускузно искуство, а во исто време одговори на сите потреби на едно цело семејство. Во комбинација со сериозно трансформираната надворешност, нови основни бои и комбинации на бои на надворешноста, СУВ моделот е нешто повеќе од еден обичен фејслифт.

Најразлична линија на новата верзија на Santa Fe е неговата предна маска, која стана поголема и се простира по целата површина на предниот дел од автомибилот. Во неа се интегиррани фарови и Т-образни диодни дневни светла. Дополнителен акцент е ставен на поголемите лакирани калници, кои се „исполнети“ со нови 20-инчни алуминиумски тркала, како и новите задни светла со хоризонтален елемент поцелата должина.

Во однос на внатреноста, од Hyundai велат дека новата верзија на Santa Fe на корисниците ќе им понуди поголем простор, удобност и практичност во споредба со претходникот. Додадени се нови полуксузни материјали, а централната конзола е повиска, што ќе даде чувство за седење во одделни места за возачот и совозачот.

Новото Santa Fe добива и Terrain Mode систем, кој му дава можност на возаот да избере меѓу различни режими на однос на автомобилот, а во тој дел и тематски режими (песок, снег, кал, еко, спорт, удобност и smart) на работа на интелигентен систем за погон на четири тркала HTRAC® All-Wheel-Drive (AWD).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK