Додека Владата „мисли“ – европскиот крш веќе е тука: Годинава увезени над 35.000 половни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Од 1 јануари 2020 година данокот на возилата што ќе се увезуваат ќе се пресметува според емисијата на ЦО2. Тоа би требало да го намали внесувањето на кршот во Македонија. Иако многумина сметаат дека етоа само една нова популистичка мерка која нема да донесе обнова на ионака стариот и загадувачки возен парк. Но, додека Владата размислуваше каква „драконски“ мерки да превземе, во земјата во 2019 година веќе се влезени над 35.000 половни возила.

Последен пат над 35.000 половни возила бил еувезени во 2010 година (51.399 возило). Лани продажбата на половни возила била нешто над 30 илјади, односно 30.237 возила.

Сегашните бројки упатуваат на тоа дека 82 проценти од набавуваните возила се половни, а само 18 проценти нови возила. Според возниот парк во државата, процена е дека просечната емисија на ЦО2 е околу 170 гр./км.
Границата која е поставена за производителите на нови возила за 2020 година во ЕУ е 95 гр./км CO2. Во моментов просекот во земјите на ЕУ е 130-140 гр./км CO2.

Според податоците од Царинската Управа за првите 11 месеци од 2019 година се увезени вкупно 38.839 патнично возило, од што дури 33.267 половни и само 5.572 нови возила. Проценката е дека годинава ќе имаме продажба која ќе се движи околу 42.000 патнички возила.

Државата ќе воведе нови начин на оданочување на возилата што се увезуваат. Од први јануари, за возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на ЦО2. Разликата во еколошката категорија на возилата ќе се отслика во висината на данокот и кога станува збор за возила со дизел и бензински мотори.
Возило со иста вредност и иста емисија на ЦО2, ако е со бензински мотор ќе плати помал данок. На пример, за сите возила со вредност до 10.000 евра и емисија на ЦО2 од 130 грама на километар, ако се со бензински мотор данокот ќе изнесува 6.500 денари а ако моторот е дизел – двојно повеќе.

За обнова на речиси 20 години стариот возен парк во државата ќе ни требаат децении ако сакаме да ги тргнеме крнтиите што ни се тркалаат на улиците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK