Кризата продолжува во Европа – се уште паѓа продажбата на нови возила

ОБЈАВЕНО НА:

Кризата со ланецот на снабдување се рефлектира и во производството и продажба на нови автомобили, во Европа. Во февруари 2022 година, регистрациите на нови патнички автомобили во Европската унија дополнително се намалија (-6,7%).

Со 719.465 продадени возила низ ЕУ, ова беше најслабиот резултат во однос на обемот за месец февруари од почетокот на собирањето на овие податоци. Четирите клучни пазари во регионот објавија мешани резултати. Италија и Франција забележаа двоцифрени загуби (-22,6% и -13,0%, соодветно), додека Шпанија и Германија забележаа раст (+6,6% и +3,2%, соодветно).

Само на три пазари продажбата е над 100.000 возила. Најмногу продадени има во Германија (200.512), потоа далеку позади е Франција (115.383) и Италија (110.869). Volkswagen Group (171.274 возила) и Stellantis (154.991) имаат највиоски продажби и најголем пазарен удел.

Од јануари до февруари 2022 година, вкупните регистрации на нови автомобили во Европската унија се намалени за 6,4 отсто во споредба со истиот период минатата година. Повторно, гледајќи ги четирите најголеми пазари, Италија забележа најголем пад (-21,1%), следена од Франција (-15,7%). Од друга страна, пазарите и во Германија (+5,6%) и во Шпанија (+4,2%) продолжија да се прошируваат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK