Ви пукна гумата, а немата резервна! Не паничете…

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку ви се случи да ви се дупне гума за време на возење, а притоа немате резервна, секогаш е важно да не паничите. Имате многу варијанти кои може да ви помогнат, но пред сè е важно да имате пумпа. Независно дали е електрична или рачна, пумпата може да ве спаси.

Едноставно напумпајте ја гумата, а потоа на кратки дистанци застанувајте да видите дали се има намалено премногу. Опасноста доаѓа кога притисоко на гумите се намали до тој степен што бандажот почнува да притиска на асфалтот преку меката гума. На тој начин се ризикува многу да биде оштетена гумата.

Проверете дали компанијата од каде сте го купиле возилото нуди помош на патиштата. Во некои случаеви тоа подразбира бесплатна помош без разлика што ви се случило. Некои возачи имаат и членски картички на некои авт клубови кои исто така нудат бесплатна помош или пак со намалени цени. Сето тоа треба да го проверите во вашите документи што ги носите во автомобилот. Некогаш и не знаете дека тоа го имате како опција.

Другата работа која што треба да се направи е да се побара најблискиот вулканизер на интернет. Последно што може е да се искористи лепак, но тој е штетен за гумата.

Ако не успеете да пронајдете вулканизер туку продавница од која за да купите самолеплив спреј, тогаш треба да знаете дека откако ќе ја напумпате гумата со него треба најбрзо што можете потоа да најдете вулканизер кој ќе го извади лепилото. Ако гумата стои повеќе време (една недела на пример) со лепилото тогаш нема да може истото да се отстрани.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK