Крај за Honda HR-V во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Honda прекина со испорака на нови примероци на моделот HR-V на европскиот пазар, пренесуваат медиумите во западноевропските земји.

Дилерите на јапонскиот производител во моментов ги трошат последните залихи, а овој модел нема да биде дел од понудата се додека не се појави новата, трета генерација.

Актуелната, втора генерација е дел од понудата на Honda уште од 2013 година откако ја замени првата која се произведуваше во периодот од 1998 па се до 2006 година.

Honda уште минатата година ја најави новата генерација која во Јапонија и останатите азијски земји треба да се појави во втората половина оваа година. Во меѓувреме се појави и шпиунска фотографија од тест моделот како и рендерот објавен од HALO OTO кој може да го погледнете ТУКА.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK