Измислија нови, интелигентни „лежечки полицајци“ (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Фирмата Badennova од Шпанија успеа да развие посебен тип на „лежечки полицајци“, кој е голем чекор во однос на претходниците во сите бои и видови. Имено, овој „лежечки полицаец“ полнет со течност (таканаречена не-Њутоновски флуид) која ги наградува бавните возачи односно возачите кои се придржуваат кон прописите. Со преминување преку „лежечките полицајци“ тој речиси се израмнува со автопатот и нема ни да го почувствувате.

На возачите кои се побрзи од ограничувњето овој „лежечки полицаец“ им подготвува големо изненадување. Имено, во него се менува вискозитетот на течноста и се однесува како кој било крут „лежечки полицаец“.

Возачите тоа го чувствуват според ударот на суспензијата на брегот на „лежечкиот полицаец“.

Овој материјал е многу флексибилен и отпорен на удари. Во Badennovа истакнуваат дека овие „лежечки полицајци“ во јавните гаражи веќе се во акција, а првиот надворешен „лежечки полицаец“ е поставен во местото Villanueva de Tapia. Интерес засега имаат покажано од Израел и од Германија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK