Кој спомнува криза: Daimler во 2019 година продаде 2,34 милиони возила

ОБЈАВЕНО НА:

Daimler ја заврши 2019 година со одлична продажба продавајќи 2,34 милиони возила во глобални рамки.

Очекувано, најпродаван бренд од овој производител е Mercedes-Benz кој оствари рекордна продажба во Германија, Кина и САД, пред се поради збогатената понуда на SUV модели. Во Кина овој луксузен бренд оствари зголемување на продажбата за 6,2%.

Интересно е што во просек во Кина, Mercedes на месечно ниво продавал по нешто повеќе од 700 примероци од луксузната лимузина Maybach.

Во исчекување на продажните перформанси на останатите германски конкуренти, оваа остварена продажба на Daimler е одлична особено поради бројните турбуленции кои беа забележани минатата година, пред се поради новите регулативи за издувни гасови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK