Mercedes ги исполнува сите ваши желби – ги фарба возилата во бои на BMW, Alfa Romeo или VW

ОБЈАВЕНО НА:

Само неколку производители на автомобили во светот може да се пофалат со целосна слобода во индивидуализацијата на автомобилот. Тоа пред се се производители на ултра луксузни автомобили кои може да ја остварат вашата желба само ако платите стотици илјади евра.

На овие производители сега им се приклучува и Mercedes-Benz кој преку програмата Designo Manufaktur ги исполнува вашите желби во поглед на дизајнот и изгледот на вашиот автомобил.

Станува збор за програм кој овозможува да одберете било каква боја на вашиот автомобил. Од препознатливите темно сини бои на BMW, па до црвената на Alfa Romeo или жолтеникавата на Volkswagen. Тука е и широкиот избор на алуминиумски фелни како и комбинацијата на повеќе бои во внатрешноста.

Да, целосна слобода имате во креирањето на вашиот Mercedes автомобил. Овој програм сепак е достапен во моментов само кај G класата, а од следните месеци и каj E и S класата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK