Кинеските возила во Белгија стигнуваат – со воз!

ОБЈАВЕНО НА:

Кинезите најдоа начин како да ги испорачуваат возилата во Европа, директно и побрзо – ќе користат железница. Тие веќе редовно ќе доставуваат нови патнички автомобили директно на белгискиот пазар со воз.

Првиот воз, натоварен со 123 автомобили, пристигна во неделата. Операторот за снабдување е големата интермодална транспортна компанија ФЕСКО.

Автомобилите, натоварени во контејнери од 40 метри, тргнаа од градот Хајлонгјанг во североисточна Кина. Преку Грдеково, 140 км од Владивосток, возот влегол на руска територија и низ целиот Сибир и европска Русија, преку Белорусија, Полска и Германија, по 23 дена пристигна во Белгија.

Плановите се испорака на автомобили од Кина во Белгија да достигнат 4 возови месечно или скоро 500 нови кинески автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK