Ќе биде ли бестселер: Најскапата Lada Niva Travel чини малку над 10.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Од Lada објавија дека компанијата го означи почетокот на продажните на новата Niva Travel, за која од брендот споделуваат дека со системот за погон на четири тркала, новиот дизајн и целокупниот изглед е идеално решение како за офроуд искуствата на теренот така и за секојдневната мобилност во градски услови.

На почетокот на овој месец, најнетрпеливите кои сакаа да ја добијат новата LADA Niva Travel можеа да си ја обезбедат со депозит од 10.000 рубљи односно нешто над 100 евра, како и да сметаат на дополнителен благодарен офроуд пакет на додатоци за автомобилот при приемот.

Новата LADA Niva Travel е достапна за купување во две главни верзии: Niva Travel и Niva Travel Off-Road, а втората е надградена со офроуд гуми и надворешен декоративен пакет за дополнителна заштита на каросеријата.

Основната цена на Niva Travel е поставена на нешто под 748.000 рубљи или околу 8.300 евра, а најскапата верзија на моделот е Niva Travel Luxe со цена од 890.900 рубљи или нешто под 10.000 евра. Во опремата на топ модификацијата се вклучени две предни воздушни перничиња, внатрешна мултимедија, сензори за паркирање, камера за рикверц, дополнителна звучна изолација, 16-инчни алуминиумски тркала, затемнети стакла и многу други.

Нивото на опрема Luxe на офроуд верзијата на Niva Travel е оценета на 905.900 рубљи или малку над 10.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK