Новата генерација на Оpel Corsa на сцена во 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на Opel Corsa ќе биде претставена во 2019 година, а таа доаѓа пет години после претставувањето на актуелната Corsa E. Со оглед на тоа што Оpel од минатата година е дел од француската PSG Group, новата Corsa ќе ја добие нивната платформа и техника.

Димензиите на новото возило ќе бидат нешто поголеми, Corsa F ќе биде нешто полесна и поекономина од актуелната генерација така што верзијата со 3 врати најверојатно ќе биде исфрлена од понудата.

Што се однесува до моторот, во гама би можело да се најдат PSA трицилиндричните и четирицилиндричните агрегати, а она што можеби е најинтересо е дека Corsa од 2020 година ќе биде достапна и во електрична варијанта.

Електричната Corsa ќе се произведува во погоните на PSA Group во Сарагоса заедно со регуларната Corsa.

Во Opel наведуваат дека Corsa претставува еден од нивните најважни модели во Европа што го потврдуваат и главните луѓет во компанијата кои велат дека овој модел сочинува околу четвртина од вкупната продажба во Opel.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK