Како гори електричен Porsche Taycan (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Прашање на време беше кога ќе “пламне” некој Taycan. Откако во изминатите години сведоци бевме на тоа како целосно горат неколку модели на Tesla, дојде време и за првиот електричен Porsche автомобил.

Овој настан се случил во Флорида во гаража на неименуван сопственик, а покрај автомобилот настрада и дел од гаражата.

“Отворивме истрага и подготвени сме да помогнеме. Ни олесна кога дознавме дека никој не бил повреден. Сеуште е прерано за било какви оценки околу можната причина. Ќе почекаме да заврши истрагата” изјави портпаролот на локалниот дистрибутер на Porsche автомобилите.

Како и дали во маркетинг цели ќе го искористи овој настан Tesla останува да видиме.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK