За колку денови се продава користено возило – од 52 до 117 денови!

ОБЈАВЕНО НА:

Популарноста на електромобилите на секундарниот пазар во 2019 година забележа драстичен пад, а оваа информација доаѓа од страна на холандската национална агенција за сообраќај на патишата. Во 2018 година автомибилите на струја беа вистински хит со едвај 33 дена од објавувањето за продажба до појавата на купувач. За разлика од таа година минатата периодот беше поголем и зголемен до 52 дена.

Холандското здружение на возачите на електромобили го зголеми рокот за продажба со зголемување на понудата. Купувачите имаат сè поголеми барања, а и различниот избор на секундарниот пазар расте.

И покрај падот на интересот кон употребуваните електромобили времето за продажба на автомобили на струја на втора рака продолжива да биде значително пократко отколку кај автомобилите на бензин (66 дена), дизел (73 дена), течен гас (117 дена) или метан (60 дена).

Користените хибриди си наоѓаат купувач побрзо (52 дена), а водородните автомобили на втора рака се продаваат средно за 67 денови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK