Зошто е важно да ги исчистите паднатите лисја од автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Есенскиот декор е еден од најубавите во природата, додека се менуваат различни нијанси на бои на дрвјата покрај патот.

Меѓутоа, лисјата на патот во комбинација со влагата создаваат лизгава површина и може да доведе до сообраќајна несреќа, доколку не сте внимателни и ако не ја прилагодите брзината на неповолните услови.

Лисјата исто така можат да предизвикуваат оштетувања на автомобилот. Во лисјата кои се распаѓаат се наоѓа и одредена количина на киселина, која може да биде опасна за лакот на возилата особено ако лисјата се влажни. Затоа, подолгото присуство на лисјата на возилата може да резултира со оштетувања.

Покрај тоа, доколку не ги чистите лисјата под шофершајбната, тоа ако е влажно може да го запушти патот со кој се доведува воздух кон филтерот на кабината, со што се смалува доводот на свеж воздух.

Исто така, со распаѓањето на лисјта тоа може да влезе во каналите, па возачот и патниците во кабината ќе вдишат неквалитетен влажен воздух. Што се однесува до возењето, внимавајте на лизгавиот пат, а од друга страна, тргнете ги лисјата од вашето возило. Можеби делува романтично, но нема добро влијание на вашиот автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK