Како Cadillac ќе ја освојува Кина – со нови 200 продажни салони

ОБЈАВЕНО НА:

Кина е земјата каде европските и американсските производители ги вкрстуваат копјата држејќи ги во сенка, домашните, кинески брендови. Тој заклучок слободно може да се донесе, судејќи по одлуките на авто производителите насочени кон оваа земја.

Последен производител во низата кој ги покажа своите амбиции за освојување на кинескиот пазар е Cadillac. Оттаму соопштуваат дека компанијата до 2025 година ќе отвори 200 нови продажни салони ширум оваа земја. Со ова, вкупната бројка ќе изнесува 500 со што овој производител ќе има значителен број на продажи места во споредба со останатите производители.

Покрај ова, директорот на американскиот производител Стив Карлај потврди дека до 2021 година, Cadillac на секој шест месеци ќе лансира по еден нов модел наменет за овој азијски пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK