Skoda ќе создава револуционерна Octavia

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај тоа што кросоверот направи бум, исто како и СУВ возилата, сепак Octavia останува најважниот модел во понудата на Skoda. Дури 418.000 возила од овој модел биле продадени во минатата година, а тоа е повеќе од двојно од најпродаваниот втор модел на Чесите, Rapid.

Како што е познато, инженерите на компанијата веќе почнале со работата на четвртата генерација на моделот. Фокусот е одново ставен на практичноста, а MQB платформата, која ќе биде преработена ќе допринесе за нови трикови.

Луѓе од компанијата веќе ги дадоа првите коментари за британските медиуми дека моделот ќе биде класичен хечбек, кој ќе наликува доста на седан. Тоа е причина повеќе да се верува дека основната форма на каросеријата ќе биде таканаречениот лифтбек.

Технологијата ќе стане позната со осмата генерација на VW Golf, која се очекува следната година. Тоа означува мотори на бензин со филтри за тврди честички, лесни хибридни системи и plug-in хибридна варијанта.

Веќе се зборува и за нов 1.5-литарски дизелов мотор, кој ќе ги замени сегашните 2.0 и 1.6 TDI агрегати. Најверојатно тој агрегат ќе има и три цилиндри и доста подобра ефективност од претходникот. Се очекува Чесите да вложат на традиционален дизајн на предниот дел, а моделот би требало да има свое деби во 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK