jaguar i pace

Jaguar I-Pace со проблеми со сопирачките – ќе се повлечат 3.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Jaguar ќе мора да го спроведе повлекувањето на I-Pace автомобилите поради фабрички проблеми.

Како што потврдуваат од NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration) кај одредени автомобили утврдени се проблеми со сопирачките. Овој проблем може во одредени случаеви да предизвика пролонгирање на сопирањето што може да доведе до предизвикување на сообраќајна незгода.

Со ова повлекување афектирани се 3.083 автомобили од кои 1.181 на територијата на САД. Сите овие се произведени во периодот од октомври 2018 до април 2019 година и се испорачани ширум светот.

Од Jaguar наведуваат дека со повлекувањето на автомобили ќе се започне од јули годинава, а фиксирањето на проблемот нема да предизвика финансиски трошоци за сопствениците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK