ItalGATE: Лажеле дека произведуваат автомобили, а всушност ги увезувале од Кина!

ОБЈАВЕНО НА:

Малиот италијански производител на автомобили DR Automobiles се најде во неволја поради наводното заблуда на потрошувачите за тоа каде се произведуваат неговите возила.

Компанијата продава кинески возила во Италија од 2006 година и сега се најде на удар на италијанската управа за конкуренција (AGCM) поради погрешно прикажување на потеклото на своите возила на нејзината корпоративна веб-страница и во рекламни кампањи.

DR Automobiles е мал локален „производител“ кој има доста солидни продажни резултати во Италија и бележи голем раст. На пример, годинава продале дури 24.200 возила, што е зголемување за 48 отсто во однос на претходната година. Меѓу возилата што ги продаваат во Италија се малите DR 1 и теренците DR 4, DR5, DR6 и DR7. Тие нудат и еден пик-ап PK8.

Компанијата склопува возила врз основа на модели од неколку кинески производители на автомобили, вклучувајќи ги Chery, JAC и BAIC. Иако тврдат дека возилата се целосно произведени (склопени) во Италија, се чини дека компанијата всушност ги увезува само од Кина и само ги приспособува во Италија.

„Во некои случаи, тие би изоставиле релевантни информации за потеклото на возилата, што укажува на тоа дека тие се целосно произведени во Италија, додека возилата се чини дека се кинеско производство“, се вели во соопштението на италијанската AGCM.

Оваа истрага на DR motors се одвива во време кога италијанските власти, но и производителите, се повеќе ја напаѓаат кинеската автомобилска индустрија и најавуваат воведување тарифи за возилата од Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK