Daimler ја предизвикува Tesla: Германците ќе прават гигафабрика за батерии

ОБЈАВЕНО НА:

Германците поставија камен темелник на нова гига фабрика вредна 500 милиони евра во која ќе произведуваат литиум јонски батерии за потребите на Daimler. На тој начин покажаа дека се сериозни во намерата да бидат еден од главните играчи во електрификацијата на возилата и во заштитата на околината со намалување на емисиите на штетни гасови од возилата.

Оваа фабрика ќе биде предизвикувач на Tesla, бидејќи американската компанија веќе гради слична гига фабрика во Невада каде ќе се произведуваат батерии за автомобили, но и за други потреби.

Новата гига фабрика на Daimler се наоѓа 130 км. од Берлин. Технологијата на батериите е клучна за новит егенерации на еколошки подобни возила, како и за складирање на енергијата што се добива од ветрот и соларните фарми.

Отворањето на нови слични фабрики што се планираат во Шведска, Унгарија и Полска би требало да ја задоволат побарувачката на производителите на електрични возила. Тоа треба да ги намали трошоците на литиум-јонските пакети за околу 40 отсто, па и масовното производство на електрични возила ќе стане реалност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK