Истражување: Се повеќе млади возат под дејство на марихуана

ОБЈАВЕНО НА:

Најновите истражувања спроведени во САД покажуваат алармантна бројка. Имено, извештајот објавен од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, покажува дека се повеќе млади возат под дејство на марихуана.

Бројките покажуваат дека 12 милиони полнолетни Американци барем еднаш во последните 12 месеци возеле под влијание на марихуана.

Дури 2,3 милиони од нив изјавиле дека возеле под влијание на останат вид на дрога како кокаин или метамфетамин. Процентуално, 4,7% од Американците возеле под влијание на марихуана, а 0,9% под влијание на други дроги.

Марихуаната во најголем дел од сојузните држави во САД е легализирана, меѓутоа не е дозволено возење на автомобил доколку возачот е под нејзино дејство. Оттука, ова ги загрижува американските експерите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK