Голем скок: Rolls Royce без хибриди – ќе нуди директно електрични модели

ОБЈАВЕНО НА:

На сопствениците на овие возила пред сѐ најважен им е луксузот. Не се брзаат ниту за автономните возила, бидејќи сопствениците имаат сопствени шофери.

Во идните модели на Rolls Royce нема да се вградуваат хибридни мотори, туку од класичните мотори со внатрешно согорување ќе се „скокне“ директно на технологијата на електрични возила. Оваа изјава доаѓа директно од главниот извршен директор, Торстен Милер Отвос во изјава за Autocar каде вели дека електричните мотори ја претставуваат иднината, а нивните потрошувачи нема да го толерираат „компромисот“ со хибридна технологија.

„Електрификацијата е она што следува – и нема да има ништо други на тој пат, нема да има хибридизација. Ова е погонскиот систем на иднината. Има време – никој не може да предвиди кога ќе се случи да нема повеќе мотори со внатрешно согорување. Ќе треба многу време, но ќе се случи, изјави Милер Отвос.

За Rolls Royce не е приоритет ниту автономното возење. Тоа ќе го понудат во иднина, но најголемиот дел од сопствениците на Rolls Royce имаат свои шофери, па затоа и не им треба оваа технологија веднаш.
„Немаме ниту еден купувач што не прашал: Торстен, кога доаѓа автономниот Rolls Royce, изјавил директорот Милер Отвос.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK