Познато како Google ги пресметува рутите и времето на патување на мапите

ОБЈАВЕНО НА:

Мапите на Google и навигацијата за многумина станаа неизбежен сопатник на патувањата без разлика дали станува збор за непознати места и градови или возењена секојдневни рути бидејќи Google известува за сообраќајниот метеж, сообраќајните несреќи и друго. Така полесно ќе знаете да се решите по која рута да возите, за колку веме ќе стигнете притоа обидувајќи се да ги избегнете гужвите.

За сите оние кои сакаат да знаат како Google успева со многу голема точност (за повеќе од дури 97 проценти од патувањата) да ги пресмета најдобрите рути, да предупреди каде ќе има сообраќаен метеж и да го предвиди времето на патување, компанијата на својот официјален блог објави интересен прилог во кој се откриени некои досега непознати детали. При сите наведени пресметки Google во своите мапи користи машинско учење и податоци кои во сообрачајот се собрани со годините.

Тие податоци се анализираат и покажуваат каква е просечната ситација на патиштата во одреден период од денот. Како сообраќајот се пресметува објаснуваат со пример на движењето по автопатот 298 во Калифорнија. На неа возилата во текот на утрото меѓу 6 и 7 часот најчесто се движат со брзина од околу 65 милји на час, но во часовите после пладне брзината на движење на тој автопат, поради големиот метеж изнесува само 15-20 милји на час.

Овие податоци кои се базирани на долгогодишната анализа на движење на сообраќајниците, Google ги комбинира со ситуацијата во реално време користејќи метод на машинско учење за предвидување на траењето на патувањето.

И според многумина Google засега има најточна мапа, најдобри предвидувања и покрај тоа многу лесно се користи. Со паметните телефони Google maps доаѓа веќе инсталиран. Во ситуација кога немате интернет, можете мапата односно рутата однапред да ја симнете и потоа да ја користите без да трошите од мобилниот интернет. Се разбира тогаш нема да може да знаете колку гужва има на патот, но некогаш е најважно да се стигне до посакуваната дестинација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK