И во Масачусец се забранува продажбата на бензинци и дизелаши

ОБЈАВЕНО НА:

Американската сојузна држава Масачусец ги следи стапките на Калифорнија и го најави крајот на продажбата на возила со бензински и дизелски мотори.

Пренесувајќи го говорот а гувернерот Чарли Бејкер, американските меидуми пишуваат дека во оваа земја продажбата на возила со СУС мотори треба да прекине во 2035 година. Крајната цел на оваа одлука е да се намали емисијата на штетни гасови до 27%.

Претпоставките се дека од вкупно 5,5 милиони патнички возила во 2030 година, еден милион да бидат електрични со што значително ќе се намали загадувањето. Трендот на намалување на јазот помеѓу електричните и оние со СУС мотори треба да продолжи и до 2050 година сите возила на патиштата во оваа сојузна држава да бидат електрични.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK