Згаснува Megane? Renault има други планови

ОБЈАВЕНО НА:

По нешто повеќе од 25 години активно производство, моделот Megane може да замине во историјата.

Оваа изненадувачка вест ја соопшти шефот за дизајн на Renault, Лоренс ван ден Акер кој соопшти дека компанијата треба да ги вложува парите во иднината каде електричните автомобили ќе бидат далеку попопуларни отколку оние во сегментот на компактни автомобили.

“Со текот на времето како додаваме нови електрични возила во нашето портфолио, некои од посточеките возила ќе мора да ги решиме бидејќи не можеме да си допуштиме развој на сите тие автомобили истовремено” изјави Акер. “Megane е под притисок како и целиот сегмент на компактни автомобили” додаде Акер.

Инаку првиот концепт на Renault Megane е претставен во 1988 година. Седум години подоцна влегува во сериско производство произведувајќи се во Франција, Турција, Колумбија, Аргентина, Шпанија, Индонезија и Белгија. Досега се претставени вкучно четири генерации, а актуелната четврта датира од 2016 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK