Hyundai го стопираше равојот на дизел моторите

ОБЈАВЕНО НА:

Од Hyundai Motor Group се решија на изненадувачки чекор и го суспендираа развојот на дизел моторот, што е најнов чекор на компанијата во транзиција кон возила со нулта емисија. Судејќи според локалните извештаи и индустриски извори, Hyundai го запрел развојот на новите дизел мотори во доцната фаза минатата година. Корејците веќе нема да развиваат нови дизел мотори, иако ќе бидат лансирани делумно ревидирани верзии за постоечките модели.

R моторите за теренците/кросовери како Santa Fea и Tucson, како и V агрегатите за помали автомобили како што се Accent и Kia Soul, се вбројуваат меѓу другите во дизел единиците кои ги разви производителот од Кореја.

Бензинците, од друга страна, ќе продолжат да бидат развивани како суштински дел на хибрините и „plug-in“ хибридни возила. Најновиот потег на Hyundai во суштина е рефлекција на она што го прават и другите производители на автомобили од кои многу и порано го укинаа развојот на дизел мотори, а некои дури и ги исфрлија од понудата.

Volvo, една од првите компании која така постапи во 2017 година најави дека ќе го запре развојот на дизелите. Volkswagen во 2018 година сооошти дека ќе престане со развој на сите SUS мотори до 2026 година додека Fiat Chrysler исто така ги исфрли дизел моторите од понудатата за патнички автомобили до 2022 година.

Hyundai Motor има за цел да оствари пазарно учество од осум до 10 роценти на светскиот пазар на електрични автомобили до 2040 година. Во првиот квартал годинва треба да се лансира Ioniq 5, првиот EV кој ќе потпира на наменската платформа E-GMP.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK