GM повлекува над 3 милиони возила

ОБЈАВЕНО НА:

General Motors е исправен пред голем предизвик – најголемото повлекување на автомобили во својата историја.

Американските медиуми ја објавија одлуката на компанијата според која таа ќе повлече 3,46 милиони возила (пик-ап и SUV возила) во САД, а причината за тоа е аномалија на вакумската пумпа која може да предизвика отежнување во сопирањето.

Со самото тоа се зголемува и ризикот од судар и потенцијални смртни последици, потврдуваат од NHTSA. Оваа одлука опфаќа повеќе модели од брендовите на GM и тоа: Cadillac Escalade, Chevrolet Silverado, Chevrolet Taho, GMC Sierra и GMC Yukon.

Ако имате и ви енекој од овие автомобили тогаш треба да видите дали и вашето возило треба да оди на дополнителен сервис.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK